NATIONAL COMMITTEE OF NORTH MACEDONIA IN CIGRE
MAKO CIGRE web portal works with JavaScript enabled.
Please enable Javascript in your browser!

МАКО СИГРЕ на гости кај ФЕИТ Алумнни

МАКО СИГРЕ оваа година прославува 20 години од основањето. Во овие 20 години организиравме 8 советувања и повеќе други активности.

На покана на ФЕИТ Алумни, членови на МАКО СИГРЕ ќе учествуваат во настанот насловен како „100 години CIGRE, активностите на МАКО СИГРЕ и иднината".
Целта на овој настан е да се одбележи 100 годишнината на CIGRE, а на истиот ќе се презентира историјата на МАКО СИГРЕ, како и идни активности.

На настанот како говорници ќе учествуваат: - Благојче Трповски, претседател на МАКО СИГРЕ - Рубин Талевски, член на МАКО СИГРЕ - Сашо Салтировски, потпретседател на МАКО СИГРЕ По нивните излагања ќе следи дискусија во која сите сте добредојдени со прашања, коментари, искуства и размислувања на оваа тема.

Дружбата ќе се одржи хибридно - во бифето на ФЕИТ и преку ZOOM конференциска врска https://feit-ukim-edu-mk.zoom.us/j/97325776359 во четврток (30. септември) со почеток во 19:00.