12. Советување на МАКО СИГРЕ
17-19 септември 2023
MAKO CIGRE web portal works with JavaScript enabled.
Please enable Javascript in your browser!

Информации за Охрид и Северна Македонија

Ohrid3.jpg Ohrid2.jpg Plaosnik.jpg freska.jpg PrespaOhrid.jpg

Охрид е една од 25-те светски метрополи на УНЕСКО со културни и природни богатства. Охрид е позната туристичка дестинација, кралство на светлината и водата. Во Охрид постојат илјадници споменици и сведоштва за раѓањето на словенската култура. Бројот на цркви во градот и околината е поголем отколку што има денови во годината!

Главната препознатливост е стариот град со типичната архитектурa. Тука, Св. Климент, ученикот на солунските браќа Св. Кирил и Методиј, го формирал Климентовиот словенски универзитет (886-916). Денес Св. Климент е славен како покровител на градот.

Охрид е град со околу 56 000 жители. Се наоѓа на околу 700 m надморска височина. Охридскиот аеродром е оддалечен од центарот на градот околу 10 km. Климата во септември и октомври е пријатна.

На само 13 km западно од Охрид, на брегот на Охридското езеро се наоѓа Струга, прочуена по светски познатиот поетски фестивал што се одржува кон крајот на месец август. Источно од Охриското езеро се наоѓа планината и Националниот парк Галичица.

Повеќе за Охрид

Повеќе информации за Северна Македонија