12. Советување на МАКО СИГРЕ
17-19 септември 2023
MAKO CIGRE web portal works with JavaScript enabled.
Please enable Javascript in your browser!

Програма на Советувањето

Програма
Програма .pdf
Распоред
Трудови
Автори

Свечено отворање и останати активности

Свечено отворање и коктел за добредојде

Свеченото отворање на Советувањето е предвидено за 12:00 во салата Билјана во хотелот Метропол.

По свеченото отворање, МАКО СИГРЕ ги поканува сите регистрирани учесници и гости на Советувањето да ни се придружат на коктелот што ќе се одржи околу базенот на хотелот Белви или терасата на хотелот Метропол (во зависност од временските услови).

Вечера во недела и ручек во понеделник

МАКО СИГРЕ и нејзините партнери, за регистрираните учесници на Советувањето, организираат коктел-вечера во недела и коктел-ручек во понеделник. Ручекот и вечерата ќе се служат во ресторанот на хотелот Метропол и се вклучени во котизацијата на Советувањето.

Свечена вечера

МАКО СИГРЕ, во чест на учесниците ќе приреди Свечена вечера во понеделник, во ресторанот на хотелот Белви. Свечената вечера е вклучена во котизацијата. За придружниците картите за свечената вечера ќе може да се купат по цена од 1500 денари во пријавната служба.

Коктел за збогување

Советувањето ќе заврши во вторник со коктел на терасата од хотелот Метропол.

Времето и салите на одржување на сесиите можете да го погледатe на распоредот

Технички презентации и изложба

Технички презентации | Сала А - Билјана

Фирма Време Наслов на презентацијата
Недела, 15:30 - 16:30 Ние работиме глобално
Понеделник, 13:00 - 14:00 Откријте го Hitachi Energy
Понеделник, 15:00 - 16:00 ТТ Кабели – од неколку метри кабел до регионалниот лидер ...
Понеделник, 17:45 - 18:45 SF6 Алтернатива ‒ Напредна заштита и управување

Изложбa :: Хотел Метропол - Хол во приземје

Работа на Советувањето

Пленарна сесија :: Недела | 16:30 | Сала А - Билјана

Енергетска криза – како понатаму?
Модератор
Проф. Александра Крколева Матеска, ФЕИТ
Потпретседател на МАКО СИГРЕ
Воведни излагачи
Дејан Остојиќ, Светска банка
Давор Бајс, Секретаријат на Енергетска заедница
Марко Бислимоски, РКЕ
Благојче Трповски, ЕСМ
Симон Шутиноски, МЕМО

Сесии на СТК :: Понеделник - Вторник

Времето и салите на одржување на сесиите можете да го погледатe на распоредот

Покрај пленарната сесија, на Советувањето ќе се работи и во 14 сесии на Студиските комитети.

Сесиите на Студиските комитети ќе се одвиваат паралелно во четири сали.
Постер/дијалог сесијата ќе вклучи и трудови од студенти на додипломски студии.

Информации за авторите и презентерите

Повеќе информации поврзани со подготовка на презентациите и постерите можете да најдете во секцијата Автори

Половина час пред почетокот на сесиите на Студиските комитети модераторите на сесиите и авторите презентери ќе имаат шанса да се сретнат во холот на хотелот Метропол. Целта на овие состаноци е запознавање на презентерите со работата и текот на сесијата.

Темите и прашањата за дискусија се предложени од рецензентите и Студиските комитети и се поставени во насока на поефикасна дискусија. Презентацијата на трудовите, вклучувајќи ја и дискусијата, е ограничена на 20 минути.

МАКО СИГРЕ ќе ќе обезбеди потребни технички средства (компјутер со проектор и друга соодветна опрема).

Покането предавање :: Понеделник | 11:30 | Сала A - Билјана

Време на несигурност во енергетиката:
Како да се обезбеди доверлива и чиста енергија за земјите во развој?
д-р Дејан Остојиќ