12. Советување на МАКО СИГРЕ
17-19 септември 2023
MAKO CIGRE web portal works with JavaScript enabled.
Please enable Javascript in your browser!

Пријава на труд

Пријава на труд

Пријавата на трудови се врши преку соодветниот веб формулар достапен преку страницата Пријава на труд.

Кусата содржина може да биде напишана на македонски или англиски јазик. Јазикот на кој ќе биде напишан трудот може да се смени кога се доставува трудот.

Текст на трудот

Текстот на трудот може да биде напишан на македонски или англиски јазик. Техничкото уредување на текстот треба да биде според следниов урнек.

Трудовите треба да бидат напишани според вообичаените принципи за пишување на трудови за конференции, при што не дозволено трудот да послужи за комерцијална презентација или рекламирање на производи или услуги.

Пример како треба да изгледа уредениот текст е следниот PDF документ.

За текстовите пишувани на македонски јазик ве молиме користете македонско писмо со фонтовите наведени во урнекот.

Ве молиме следете ги упатствата за подготовка и уредување на документите што треба да ги доставите.

Доставување на трудовите

После прифаќањето на пријавата на трудот, авторите, во предвидениот рок, го доставуваат текстот на трудот во една DOCX датотека, во која се вклучени кусите содржини на македонски и англиски јазик!

Организациониот одбор, при техничкото уредување на текстот, ќе ги издвои кусите содржини и ќе ги подготви за објавување на веб страната и печатење во Зборникот на куси содржини, а во зависност од јазикот на кој е пишуван трудот, во конечната верзија на трудот ќе биде вклучена соодветната куса содржина.

Авторите се одговорни за соодветен превод од македонски на англиски јазик на кусата содржина и насловот на трудот и правилна транскрипција на имињата во латинично писмо.

При техничкото уредување Организациониот одбор нема да навлегува и да ја менува содржината на текстот (со исклучок на очигледни печатни грешки), туку само технички ќе го подготви текстот за публикување.

МАКО СИГРЕ може да побара од авторите да го преработат трудот ако тој значително отстапува од уредувањето прикажано во уренкот, или квалитетот на фотографиите, односно цртежите не е соодветен, се забележани грешки во преводите и сл.

Конечна верзија на трудот

Трудовите ќе бидат рецензирани од страна рецензенти одбрани од Студиските комитети.

Трудовите ќе бидат вклучени во Програмата на Советувањето и објавени во Зборникот само доколку истите имаат позитивна рецензија и авторите постапиле по евентуалните (задолжителни) забелешки на рецензентите.

Одлуката на рецензентите во поглед на категоризацијата на трудот (Информација или стручен/научен труд) е конечна.
Организациониот одбор одлучува за начинот на презентацијата на трудови (усна во рамките на одделните сесии на СТК или постер/дијалог), во зависност од интересот и бројот на трудови во секој студиски комитет.

Авторите ќе бидат известени за резултатите од рецензиите и од нив може да биде побарано да постапат по евентуалните барања од рецензентите или Организациониот одбор. Соодветниот Студиски комитет ќе го разгледа коригираниот текст на трудот и ќе одлучи за конечно прифаќање на трудот.

После конечното прифаќање на трудот, МАКО СИГРЕ ќе обезбеди техничко уредување на текстот и ќе побара од авторот за контакт да го потврди конечниот текст. Доколку авторот не се изјасни во предвидениот рок, ќе се смета дека авторите се согласуваат со начинот на кој е подготвен трудот.

Лого за презентација