Почитивани колеги и колешки

 

Имаме посебна чест да Ве поканиме да го посетите и активно да учествувате на IV Советување на МАКО СИГРЕ, кое ќе се одржи на прекрасната ривиера на Охридското езеро, во хотелот “Метропол“.

Од недела 26 до среда 29 септември, во комплексот Метропол-Белви, ќе се одржи стручен собир на кој преку 118 селектирани трудови во 13 Студиски Комитети нашите стручни и научни кадри ќе ги презентираат своите искуства и сознанија и ќе се разговара за достигнувањата на домашната и меѓународната научна и стручна пракса, примената на новите технологии и влијанието на новата структура на пазарот на електрична енергија.

Собранието на МАКО СИГРЕ ќе се одржи во недела 26.09.2004 година, со почеток во 12 часот.

Советувањето очекуваме да го отвори г-дин Стевчо Јакимовски, Министер за Економија, во недела, 26.09.2004 година, во 13:00 часот. Двата настана ќе се одржат во големата сала на хотелот „Метропол“, по што во чест на гостите и учесниците ќе биде приреден пригоден коктел–ручек..Учесниците и придружниците се добредојдени на коктелот.

Се надевам дека ќе го предвидите овој термин да ни се придружите на овој настан што е од посебно значење за сите нас кои истражуваме или работиме во областа на електроенергетските системи.

 Ја користиме оваа можност да Ви ги пренесеме основните информации за Советувањето, како и формуларите за пријава за учество и можностите за резервација на сместувањето. Се надеваме дека ќе се видиме во Охрид.

 

МАКО СИГРЕПретседател
Проф. д-р Ристо Миновски

 

Организационен одбор Претседател
Трајче Черепналковски