Работа по Студиски Комитети
Стручната работа на Советувањето се заснова врз материјалот опфатен со трудовите кои се публицирани во ЗБОРНИКОТ НА РЕФЕРАТИ. Дискусијата се води во рамките на проблематиката на преференцијалните теми кои ги истакнаа Студиските Комитети. Заради обемноста на материјалот и широката проблематика, работата ќе се одвива паралелно во две сали.

РАСПОРЕД НА НА РАБОТАТА НА СОВЕТУВАЊЕТО

Ден

Претпладне

Попладне

Сала А

Сала Б

Сала А

Сала Б

Вторник
02.10.2001

12:00-19:00 Прифаќање на гостите (Пријавница)

Среда
03.10.2001

10:00 Годишно собрание
11:00 Отварање
12:00 Коктел

15:00-17:30 СТК21
17:30-19:00 СТК36

15:00-17:00 СТК39
17:30-19:00 СТК21
Четврток
04.10.2001
08:00 -12:00 СТК11 
12:00-14:00 СТК13
08:30 -11:30 СТК37
11:30-14:00 СТК35
15:00-18:30 СТК12
18:30-19:30 СТК34
15:00-18:30 СТК31
 

Петок
05.10.2001 

08:00-11:00 СТК33
 
08:00-10:30 СТК23
10:30-12:30 СТК36

14:00
Екскурзија во Свети Наум
Поаѓање пред хотелот „Метропол“

Во текот на Советувањето во Сала С, перманентно ќе се одржуваат технички презентации на фирми. Распоредот на презентациите ќе биде објавен на огласна табла во хотелот.

По предлог на СТК14 во четврток во Сала C, ќе се одржи предавање на тема:
"КВАЛИТЕТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ДЕРЕГУЛАЦИОНИ УСЛОВИ".
Предавач: проф.д-р Владимир Катиќ од Техничкиот факултет во Нови Сад.

Дискусија
Темите за дискусија ги предлагаат стручните известувачи, преку својот извештај, кој истовремено служи како вовед во дискусијата. Извештаите на стручните известители ја содржат проблематиката изнесена во трудовите и прашањата за дискусија.

Авторите може да дадат посебен вовед во дискусијата ако претседателот на Студискиот Комитет го смета тоа за потребно. Излагањето на авторите не треба да трае повеќе од 5 минути.

Дискусијата ја насочува претседателот на Студискиот Комитет, според редоследот даден во извештајот на стручниот известувач, и според редоследот на пријавување на дискутантите. Секој дискутант пред почетокот на сесијата треба да достави до претседателот "ПРИЈАВА ЗА ДИСКУСИЈА" (прилог кон Програмата). Времето за дискусија е ограничено.

Технички средства
За потребите на авторите и дискутантите МАКО СИГРЕ ќе обезбеди потребни технички средства: графоскоп, слиде проектор, компјутер со видео бим и друга соодветна опрема.

Технички презентации
Во текот на Советувањето во посебна сала, се предвидени презентации, на производители на електроопрема, кои ќе настапат со свои достигнувања во областа на енергетиката. Распоредот и темите на предавањата ќе бидат истакнати за време на Советувањето на огласната табла.