Македонскиот комитет за големи електрични системи МАКО СИГРЕ е невладина и непрофитна асоцијација на инженери и техничари, која е основана во 1994 година, а во 1996 година е примена како полнопоправен член на меѓународната асоцијација CIGRE чие седиште е во Франција.

МАКО СИГРЕ е основана со цел:

  • да го следи и унапредува развитокот на стручните и научните знае­ња од подрачјето на производството, преносот и дистрибуцијата на електрична енергија, односно да ја проучува проблематиката околу планирањето, развојот и експлоатацијата на електроенер­ге­т­ските системи. Во фокусот на интересирање на МАКО СИГРЕ се и пр­о­­блемите околу заштитата на ЕЕС, телекомуникационата опрема, да­ле­чинско управување;
  • да го развива и унапредува информирањето на инженерски знаења и информации помеѓу инженерскиот кадар и техничарите во наша­та земја од потесните подрачја на својата работа;
  • да го поттикнува и соработува во стручното оспособување на своите членови.

 Тие цели ги остварува преку:

  • организирање на стручни собири, советувања, симпозиуми, ко­ло­к­виуми, семинари и др;
  • учеството во работата на CIGRE – Paris, како национален комитет а резултатите до кои при таа работа ќе дојде ги става на располагање на своите членеови;
  • го развива и унапредува информирањето и врши размена на ин­фор­ма­ции со објавување на материјали и препораки од своите стручни ма­ни­фес­та­ции;
  • издава и помага да се издаваат научни и стручни публикации од својот домен на работа.

РАБОТА

Стручната рабта на МАКО СИГРЕ се реализира во 16 студиски ко­ми­те­ти. Задачата на овие комитети е да го иницира и координира про­учу­вањето, допри­не­су­вајќи во технички напредок од нивните области.

Нивна задача е активно да учествуваат во организацијата и при­пре­мите на пленарните сесии. Во смисол на тоа, ги избираат преференцијалните теми, и се грижат истите да бидат покриени преку трудови, кои ќе се пре­зен­ти­раат и дискутираат за време на сесијата. Членовите на Студиските ко­ми­те­ти се добро познати експерти. Студиските комитети може да формираат и ра­ботни групи кои може да бидат составени од други експерти, чија задача е да об­работуваат конкретни теми.

ОРГАНИЗАЦИЈА

Органи на МАКО СИГРЕ се Собранието, кое го сочинуваат сите чле­но­ви на МАКО СИГРЕ и Извршниот орган, како извршно тело на Со­бра­нието. Покрај тоа, е предвиден и Надзорен орган, кој ја контролира фина­нси­с­ката работа на здружението.

Извршниот орган го сочинуваат претседателот и потпретседателот на МА­КО СИГРЕ, претседателите на Студиските комитети, генералниот секретар и најмногу тројца истаканати стручњаци од членовите на МАКО СИГРЕ, кои ги бира Извршниот орган. Претседателот и потпретседателот на МАКО СИГРЕ се и пре­т­седател и потпредседател на Извршниот орган.

Канцеларијата на МАКО СИГРЕ е во просториите на ЈП “Ел­е­к­т­р­о­сто­панство на Македонија“ во Скопје. Од таму се координираат административ ните работи на здружението.