Почитувани колеги и колешки

Свесни сме за придонесот на СИГРЕ од неговото формирање 1994 година до денес. Тој се афирмираше преку двете успешни советување, кои се одржаа 1996 и 1998 година. Пред нас е третото советување и можеби, и покрај сите тешкотии низ кои минува нашето општество, време е да направиме некој чекор повеќе.

Имаме посебна чест да Ве поканиме да го посетите и активно да учествувате на III-то Советување на МАКО СИГРЕ, кое ќе се одржи на прекрасната ривиера на Охридското езеро, во хотелот "Метропол".

Од среда 03 октомври до петок 05 октомври, во хотелскиот комплекс Метропол-Белви, ќе се одржи собир на голем број инженери , каде преку 120 селектирани трудови, во 15 Студиски Комитети, нашите стручни и научни кадри, ќе ги презентираат своите искуства и сознанија.

Отворањето на Советувањето ќе се одржи во среда на 03.10, во 11:00 часот, во големата сала на хотел "Метропол", по што домаќините на Советувањето во чест на гостите ќе приредат пригоден коктел. Учесниците и придружниците се добредојдени на овој коктел. Се надевам дека ќе одвоите дел од вашето време да ја прочитате програмата и уверени сме ќе се сложите дека овој настан не смеете да го пропуштите.

Се надеваме дека ќе се видиме во Охрид на овој голем настан.

проф. д-р Ристо Миновски, претседател на МАКО СИГРЕ
д-р Влатко Чингоски, претседател на Организациониот одбор