MACEDONIAN NATIONAL COMMITTEE
IN CIGRE
MAKO CIGRE web portal works with JavaScript enabled.
Please enable Javascript in your browser!

Вонредни избори за претседател на МАКО СИГРЕ

Ве известуваме дека претседателот на МАКО СИГРЕ поднесе оставка на функцијата поради лични причини. Извршниот одбор на МАКО СИГРЕ ја констатира оставката и одлучи да организира вонредни избор за претседател на МАКО СИГРЕ на вонредна седница на Собранието што би се одржала до крајот на 2018 година.

Извршниот одбор на МАКО СИГРЕ ги повикува заинтересираните кандидати за функцијата претседател на МАКО СИГРЕ да достават пријава преку електронска пошта на адресата izbori2018@mako-cigre.mk најдоцна до 5 ноември 2018 година. Кон пријавата кандидатите треба да достават професионална биографија во која се истакнати активностите во МАКО СИГРЕ и/или сродни организации и план (визија) за работата на Здружението во иднина.

Според Статутот на МАКО СИГРЕ, право на избор за претседател на МАКО СИГРЕ имаат сите членови на МАКО СИГРЕ.
Извршниот одбор на МАКО СИГРЕ ќе ги разгледа доставените пријави и на Собранието ќе му предложи кандидат(и) за избор на претседател.